ВИДЕО: Ова е вистински годзила на асвалтот

Оваа година, во најсилната LMP1 класа на спортски прототипи во WEC шампионатот, покрај Toyota, Audi и Porsche, ќе имаме шанса да го видиме и Nissan кој ќе настапи со револуционерниот GT-R LM NISMO.

Малку неочекувано користејќи ја идеалната шанса,  американски Super Bowl, кој го следеше повеќе милионски аудиториум, Nissan го претстави екстремниот „тркач“ со кој оваа сезона се враќа во LMP1 класата на прототипи.

Станува збор за автомобил кој го носи името GT-R LM NISMO (LM е скратеницата за Le Mans), иако со сериската „годзила“ GT-R нема скоро никакви допирни точки. Благодарение на големата употреба на јаглеродни влакна, поликарбонат за изработка на ветробранското стакло и бочните прозори, овој автомобил има маса од 880 килограми, и покрај должината од дури 4,65 метри и ширина од 1,9 метри.

Но, она што навистина е карактеристично за овој автомобил навистина е необичната конфигурација за овој вид на возила.

Имено, GT-R LM NISMO поседува 3,0 литарски твин турбо V6 мотор и KERS систем, кои се сместени напред пред возачот, а воедно по пат на петостепена трансмисија ги движи исклучиво предните тркала. Секако, диференцијалот со ограничувачко пролизгување е тука, а колку во праксата, т.е. на трките ова решение е вистинско останува да видиме.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...