Во елитниот клуб на егзотични автомобили, полициските сили на Дубаи, овие денови го придодадоа и неодамна претставениот Lexus RC F.
Полицијата на Дубаи веќе е позната по својот неверојатно богат и егзотичен возен парк, кој помеѓу другото го сочинуваат Bugatti Veyron, Aston Martin One-77, McLaren MP4-12C, Mercedes-Benz SLS и уште многу други ѕверки.
Овие денови, на нив им се придружи уште еден нов член, можеби не толку егзотичен, но секако атрактивен, интересен и не толку често виден на патиштата. Во прашање е неодамна претставениот Lexus RC F, кој го движи 5,0 литарски V8 мотор со сила од 467 коња... Дали можеби овој RC F е само чекор, односно преодно решение, додека не стигне уште поегзотичниот „Јапонец“, Lexus LFA?