Преубав уникат: Запознајте ја инспирацијата на сегашните автомобили

Средината на минатиот век и понатаму е една од најплодните епохи кога станува збор за атрактивно дизајнираните автомобили, а Lincoln Indianapolis од 1955-та, кој го изработи италијанската фирма Carrozzeria Boano, само го потврдува овој факт.

Педесеттите и 60-те години од минатиот век се уште се инспирации и за денешните, атрактивни автомобили.

Поради тоа и не не чуди што автомобилите од тој период, доколку и дури се добро зачувани, многу често на аукциите остваруваат вртоглави шестоцифрени износи, а кога ќе се најде некој од ретките модели, милионските суми воопшто не се реткост.

Токму таков случај е со овој автомобил кој претставува  симбиоза на италијанскиот дизајн и американската техника, а пред се тука е погонската единица. Всушност се работи за концепт кој италијанската фирма Carrozzeria Boano, која се занимаваше со производство на каросерија, го направи за потребите на американскиот Ford.

Автомобилот е базиран на Lincoln со V8 моторна зафатнина од 5,6 литри (341 кубни инчи) од 255 коња и четворостепен автоматски менувач, а прв пат е прикажан на Авто-саемот во Торино, 1995-та година.

Овој примерок е оштетен во еден пожар за време на 60-те години, во почетокот на 21-век е реставриран, за потоа на аукција во 2006-та година, да достигне цена од 1.375.000 долари. Веќе во 2013-та година, тој повторно е понуден на една аукција, каде е продаден по цена од 1.550.000 американски долари...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...