Мисфит Гаража: Дружина на отфрлени механичари

14 февруари во 20:00 часот - Discovery Channel кој се емитува на MaxTV и е достапен под реден број 102

Мисфит Гаража e нуспродукт на хит серијата Брзи и гласни , една од најпопуларните автомобилски емисии на Discovery Channel.



Серијалот следи четворица механичари , кои се соработници на Гас Манки Гаража, работилницата која е во сопственост на Ричард Роулинг. Тие одлучиле да ги здружат силите и да направат конкуренција на својот поранешен соработник. Дали оваа дружина на отфрлени ќе успее да заработи од својата работилница или пак грешките ќе ги чинат скапо?

Во текот на првите две сезони на Брзи и гласни , Ролингс, сопственикот на Гас Манки Гаража, имаше многу проблеми со своите брилијантни и живописни механичари Том , Смит и Џордан Батлер. После нивното конечно разидување во последната сезона, Смит и Батлер се здружија со познавачите на автомобили Томас Викс и Скот Мек Милан за да основаат нова работилница наречена Фајрд Ап. Оваа нова работа е нивна шанса да станат конкуренција на Гас Манки гаражата и да им ги докажат на сите своите способности. Некои од моделите со кои овие механичари ќе се занимаваат во серијалот Мисфит Гаража се ’67 Шевел, ’57 Гасер, ’65 Мустанг Фастбек, ’69 Баракуда, ‘53 Меркјури, ’58 Форд Ферлајн.



Фајрд Ап механичари:

Том Смит уште како дете работеше на автомобили , а како возрасен дури учествуваше во трки со автомобили. Сега тој своите вештини ги користи во производство и поправка на автомобили со посебно нагласен квалитет на возењето. Томас Викс отсекогаш леел крв, пот и солзи за автомобилите. Како момче го набљудуваше својот татко како прави чуда од автомобилите во нивната домашна гаража. Тргнувајќи од неговото гледиште е дека добрите автомобили се единствена вистинска инвестиција , а не акциите и недвижностите, тој го минува целиот свој живот проучувајќи ги трендовите во автомобилската индустрија.

Скот Мек Милан отсекогаш сонувал да стане сопственик на работилница. Неговиот прв деловен потфат Скот Родс Гаража се роди од гаражата на неговиот татко. Тука Мек Милан задно со Арон Кауфман уште како средношколец ја направи првата успешна работа.

Џордан Батлер кој поседува диплома за производство, уредување и расклопување на автомобили , уште од мали нозе почнал да работи во гаражата на својот татко. Расклопувал и составувал мотори и други возила . Освен за Гас Манки Гаражата тој работел и во многу други работилници, а неговите автомобили победувале на многу трки во Тексас.

Екипата на Фајрд Ап Гаража има надеж во својот нов деловен потфат. Одлучни се да докажат дека ќе успеат во светот на автомобилизмот. Но, за жал тоа ќе се покаже како многу потешка задача отколку планираното. Градењето на нивното деловно царство е можеби преголем залак за нив , посебно бидејќи Ричард Ролингс им ја отежнува работата на секој чекор.

Следете ја Мисфит Гаража во сабота, 14-ти февруари со почеток од 20:00 на Discovery Channel кој се емитува на MaxTV и е достапен под реден број 102.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...