Само што претставената Honda Civic Type R воедно е нов владетел на една од најпознатите патеки во Европа, германската Nurburgring Nordschelife, кога станува збор за автомобилите со преден погон, бидејќи е поставен нов рекорд во време од 7:50.63!
Само по неколку дена по дебито на Саемот за автомобили во Женева, Civic Type R и официјално стана најбрзиот автомобил со преден погон на оваа популарна германска патека. Интересно е тоа што рекордот е поставен уште во мај 2014-та година, во фазата на тестирање на овој автомобил, додека официјалната потврда, пропратена со видео запис, е објавена неодамна.
Колку е ова фантастичен резултат за новиот Civic Type R, говори и фактот дека сега воедно е и најбрзата Honda на Nurburgring. Оваа „титула“ ја држеше NSX Type R (NA2) со време од 7:56:73, која ја возеше легендарниот јапонски тркач, Мотохара Куросава. Погледнете го и тоа видео: