Погледнете што се случило за време на одмерувањето на силите на McLaren MP4-12C и Chevrolet Corvette на автопат!
Иако одмерувањата на силите, особено помеѓу суперспортските автомобили, секогаш се интересни, треба да знаеме кога е време и место за такво нешто, бидејќи за разлика од тркачката патека, редовниот сообраќај и не може баш да се „избрише“ во моментот кога некој ќе ви засмета.
Во „трката“ помеѓу McLaren MP4-12C и Chevrolet Corvette, за момент се најде и еден моторцикл, најверојатно од марката Kawasaki! Верувале или не, тие го престигнале толку многу брзо, што тој е во кадарот само дел од секунда, а дури тогаш гледате дека навистина е доволно само трепнување со окото за нешто да тргне на лошо!