ВИДЕО: „Стоеден“ станува BMW X5!

Легендарната Zastava 101, или во народот познат како „стоеден“, и денес е прилично честа појава на нашите улици, за жал, не толку поради сентименталноста или љубовта кон „олдтајмерите“, колку поради општата немаштија на просечните жители на Македонија и регионот.

Сепак, има случаи кои им пркосат на правилата, а еден од нив е и овој бел... па да го наречеме „стоеден“, иако освен „школката“, со него и нема баш многу поврзаност. Имено, за основа се искористени многу делови од BMW (можеме да забележиме дека овој Z101 има погон на задните тркала), а според зборовите на мајсторот, го движи 2,5 литарски шестцилиндричен мотор, исто така со потекло од BMW.


Секако, за таков мотор да може да влезе во Zastava 101, целиот преден „кош“ морал да биде продолжен за некои 40 до 50 сентиметри, а за да го добиеме целиот ефект, тука се и тркалата од BMW X5. Во сево ова што го гледате е вложено многу труд и знаење, мора да се признае, меѓутоа дека крајниот резултат, барем кога станува збор за визуелниот впечаток, можел да биде нешто подобар...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...