Сите сакаме сладолед, но доколку го подготвуваме сами, мораме да се воздржиме и да почекаме неколку часа да отстои во замрзнувачот за добро да се замрзне пред да се препуштме во неговиот леден вкус.
Сепак, со помош на овој трик можете на брзина да подготвите освежителен сладолед од ванила и тоа само за 15 минути.
Потребни ќе ви бидат следните состојки:
- ½ шолја слатка павлака
- ½ шолја млако
- 3 лажици шеќер
- ½ лажичка екстракт од ванила
- мраз
- 2 пластични кеси
- 8 лажици сол
Подготовка:
Помешајте ги млекото, слатката павлака, шеќерот и ванилата. Потоа истурете ги во помала пластична кеса. Добро затворете и истиснете го воздухот да излезе од неа.
Земете поголема пластична кеса и во неа истурете четири шолји коцки мраз и осум лажици сол. Солта дополнително ја намалува температурата на мразот, што ќе помогне сладоледот побрзо да замрзне.
Помалата кеса во која се наоѓа смесата ставете ја во поголемата кеса со мраз и добро протресувајте 5 до 10 минути.
Потоа само уживајте во вкусниот леден десерт.