Трикови со кафе кои ќе ги обожувате

Кафето е пијалак без кој повеќето од нас не можат да го поминат денот. Барем не со широко отворени очи. За да ја ви ја разбиеме монотонијата, ви нудиме неколку интересни трикови со кои повремено можете да го замените турското кафе или несот.

Сладолед од кафе



Направете го вашето омилено кафе, по можност малку засладено, и ставете го во модли за сладолед. На овој начин ќе можете да уживате во вашата дневна кофеинска доза, при тоа разладувајќи се во овие топли летни денови.

Тоник кафе



Истурете доза еспресо во чаша тоник со мраз и ќе добиете неверојатно освежително кафе.

Kоцки замрзнато кафе

Направете кафе без млеко и истурете го во сад за правење мраз, а потоа оставете го да се замрзне преку ноќ.

Наутро само наполнете чаша со млеко и во неа ставете неколку коцки од замрзнатото кафе и ќе добиете вкусен пијалак кој ќе ве расони.

Или пак, доколку го сакате вашето кафе силно, ставете една до две коцки замрзнато кафе во вашата шолјата со кафе. Ова е идеалниот начин да го одржувате ледено, без да разводнувате.

Додадете неколку зрнца морска сол



Откога ќе го направите вашето омилено кафе, додадете неколку зрнца сол и добијте солено-слатка комбинација која ќе го интензивира вкусот на кафето.

Виетнамски стил



Додадете голема лажица слатко кондензирано млеко за богата и кремаста верзија.

Превртено кафе



Додадете шлаг на дното на чашата и оставете ја во замрзнувачот да отстои 10-тина мин. Потоа додадете го кафето одозгора и ставете му неколку коцки мраз.

Бадемово кафе



Наместо со обично млеко, направете го кафето со бадемово млеко и додадете му неколку коцки мраз. Уживајте во неговиот необичен и неодолив вкус.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби