Кремасто уживање: Сладолед торта со шумско овошје

Летото ни е на прагот, а жештините се повеќе се зголемуваат. Овој период ги обожаваме освежителните десерти, кои се ем вкусни ем лесни. Поради тоа ви предлагаме сладолед торта со шумско овошје.



Потребни состојки за тесто:

  • 250гр путер
  • 250гр шеќер
  • 4 јајца
  • 400гр брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 4 лажици млеко

    За филот:
  • 180гр шумско овошје
  • 5 жолчки од јајце
  • 200гр шеќер во прав
  • рендана кора од лимон
  • 375мл слатка павлака

    За украсување:
  • 375мл слатка павлака
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 100гр шумско овошје

Начин на подготовка:



1. Загрејте ја рерната на 190 степени. Подмачкајте една тава за колачи од 25см.

2. Разматете ги путерот и јајцата, додавајќи едно по едно јајце.

3. Измешајте ги брашното и прашокот за печиво па додадете ги во смесата, заедно со млекото и продолжете со мешање.

4. Сипете го тестото во тавата и печете околу 30 минути. Извадете го тестото од плехот и оставете го на решетка за колачи да се излади. Пресечете го тестото два пати за да добиете три кори.

5. Измијте го и исчистете го овошјето. Разматете ги жолчките и шеќерот во прав на пареа за да добиете густа смеса, а потоа тргнете ги од пареа за да се изладат. Разматете ја и слатката павлака. Во кремот со жолчки додадете ги слатката павлака и овошјето.

6. Долната кора ставете ја на подлога за торти и премачкајте ја со половина од филот. Ставете ја средишната кора и премачкајте ја со остатокот од филот. Поклопете ја со крајната кора и оставете ја во ладилник шест часа.

7. За украсување разматете ја слатката павлака и ванилин шеќерот и премачкајте ја тортата. Измијте го и останатото овошје и украсете ја тортата со нив. Уживајте во ледениот и сочен вкус!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби