Прсти да излижеш: Кофтиња од тиквички

На зелените пазари овој период можеме лесно да најдеме тиквички. Хранливите состојки на тиквичките имаат голем број поволни дејства врз здравјето на човекот: магнезиумот помага во намалувањето на притисокот; витамините Ц и А го спречуваат развојот на атеросклероза; додека хранливите влакна влијаат на снижувањето на холестеролот, како и на чистењето на токсините од дебелото црево.

Тиквичките го активираат метаболизмот на клетките, ја подобруваат функцијата на мозокот и придонесуваат за виталноста на организмот.

Во продолжение ви претставуваме еден рецепт за лесна подготовка на кофтиња од тиквички, кој ви озвозможува додавање на сирење или некои други ситно исечкани состојки.

Потребни состојки:

  • 2 поголеми тиквички (или 3 помали)
  • 3 јајца
  • 3 чешниња лук
  • 50 грама сирење
  • брашно
  • сол или вегета
  • свеж магдонос
  • свежи зачини

Подготовка:

1. Излупете ги тиквичките (ако се млади доволно е само добро да ги измиете) и изрендајте ги. Додадете јајца, сечкан свеж магдонос и брашно (постепено). Смесата треба да биде малку погуста од онаа за палачинки. Додадете сол или зачин по вкус и рендано сирење (по желба).

2. Со кутлача вадете од смесата и пржете на вжештено масло. При пржењето, ќофтињата од тиквички вртите ги со широко лопатче. Кога ќе бидат готови, извадете ги од тавчето и наредете ги на хартиена салфета за да се исцедат од вишокот масло.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби