Вулкан пица за која полуди цел свет

Еден пица мајстор во Шведска измисли нова пица и ја нарекол Вулкан пица. Оваа пица, која стана вистинска сензација на интернет, се состои од сувомеснати производи, сланина, феферони, краставици, домати, црвен кромид, зелена салата, помфрит и сирење.



Имено пицата е направена на тој начин што во себе има т.н. џебови кои се исполнети со разни вкусови, а е дело на готвачот Халмат Гвир, кој работи во една пицерија. Тој бил уверен дека во рок од два месеци ќе направи пица која ќе го задоволи сечиј вкус. Сега неговото ремек дело, прогласено е за „најубавата работа која некогаш му се случила на човештвото“.

- Сакавме да направиме нешто ново, па пред два месеци почнавме да тестираме разни облици. На крај добивме нешто што на сите ни одговара, изјавила Вин Алгас, ќерка на сопственикот на пицеријата.

Пицеријата имала разни барања од своите муштерии, поради што вработените постојано биле изложени на стрес.

- Знаевме дека треба да ставиме крај на овој стрес кој сите го доживувавме. Еден ден седнав и нацртав ѕвезда па почнав да смислувам кои вкусови може да ги споиме, изјавил Халмат и додал дека муштериите и сами може да изразат желба за различни вкусови.

Откога ја објавиле Вулкан пицата на својот профил на Facebook, голем број на луѓе дотрчале до пицеријата, а поединци молеле да им пратат пица во друга држава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби