Најчудните пици во светот

Низ светот постојат разни кујни со свои традиционални јадења. Но, кога се работи за најпосакуваното јадење – пицата – тогаш сите веднаш помислуваат само на оние кои ги пробале до сега. Всушност, во светот постојат многу чудни пици направени со разни додатоци.

Овошна пица



Оваа пица се подготвува со тесто за колач, а не со пица тесто. Само според обликот се вика пица, а всушност воопшто не потсетува на пица. Тоа е еден вид на чизкејк, само со разно овошје и фил.

Гранд При пица



Тестото на оваа пица исто е како и тестото кое се употребува за подготовка на колачи. Значи имаме благо тесто, со солени додатоци, како што се домати, печурки, сланина, кашкавал и уште некои грицки одозгора. Најинтересно е што оваа пица се служи со прелив од боровници.

Гурманска чоколадна пица



Оваа пица е за обожавателите на чоколадото. Основата за чоколадната пица е направена од Белгиско чоколадо, а во составот има Брауни колачи, ванила, карамела и рендано бело млечно чоколадо. Звучи примамливо, нели?

Пица за појадок



Пржени јајца на око, колбаси, печурки и грав измешани во кечап? Ви звучи вкусно или само што ви се преврти во желудник? Со оглед на гравот не би рекле дека оваа пица би можела да се консумира за појадок, туку за ручек.

Пица со макарони и сирење



Ова е како два оброка во еден, односно макарони и тесто. Макароните се измешани со сос од четири вида на сирење, претходно добро зачинети кои се ставени врз тесто за пица. Хм, слично како да јадеме макарони со леб.

Чизбургер пица



На вашиот желудник сигурно не му се допаѓа оваа пица. Веројатно ја смислил некој кој се двоумел дали да јаде пица или чизбургер, па на крај се одлучил за пица со четири пилешки крокети, два чизбургера и пржени компирчиња.

Пица бургер



Ако сте премногу гладни сигурно ќе ве најаде. И овој чуден оброк е комбинација од пица и бургер, само што овој пат имаме дебело парче месо покриено со две теста за пица.

Пица со банани и кари



Некој се обидел да ја направи традиционалната хавајска пица, но е многу почудна. Се работи за обична пица со кашкавал и парчиња салама, зачинета со кари сос и што е најважно парчиња банана и ананас. Овошјето се додава откако ќе се испече пицата.

Тропска пица



Токму оваа пица е победник на натпревар за подготвување пици во Њујорк, а нејзиниот готвач си добил 10.000 долари. Во традиционалното тесто за пица, готвачот додал два вида на моцарела, ракчиња, манго, лајм и специјален сос од ананас помешан со текила. Звучи примамливо.

Мета пица



Ова е пица за сечиј вкус. Најпрво се прави обично пица тесто само со кечап, а потоа се приготвуваат помали пици кои се редат врз тоа тесто. Сите помали пици се со различни додатоци и најчесто се приготвува за забава или за собир со повеќе пријатели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби