ЕНЕРГИЈА ПОТРЕБНА ЗА ЦЕЛИОТ ДЕН

3 најздрави рецепти за појадок готов за 5 минути

Витамините и минералите најдобро се апсорбираат на празен желудник. Затоа ви претставуваме неколку рецепти за екстра здрав појадок, за кои ќе ви биде потребен блендер, како и свежи овошки и зеленчуци кои веројатно веќе ги имате во вашиот фрижидер.

Подгответе се за здравје во чаша, кое ќе ве наполни со енергија за добар почеток на денот.

Црвено smoothie

  • 2 стебленца целер
  • 2 моркови
  • 1 мало варено цвекло
  • 1 портокал
  • 1 јаболко

Божествено smoothie

  • 2 јаболки
  • 1 морков
  • 1 мало цвекло
  • малку грозје
  • ½ лажичка свеж рендан ѓумбир

Попај smoothie

  • 1 јаболко
  • 1 круша
  • цеден сок од 1 портокал
  • вода по потреба
  • неколку листови спанаќ или кељ
  • 1 лажичка ленено семе

Подготовка

Начинот на подготовка е премногу едноставен. Изберете го вашиот омилен рецепт и ставете ги наведените состојки во блендер. Добро измиксајте додека да добиете изедначена смеса и уживајте во вкусниот и здрав нискокалоричен појадок!

Зошто токму овие состојки?

Целер – делува антибактериски, помага кај воспалени мочни канали и потешкотии со мокрењето.



Морков – има благотворно дејство врз видот и имунолошкиот систем, спречува појава на болести на срцето и помага во контролата на дијабетесот.

Цвекло – поволно влијае на нервите и работата на мозокот, многу е ефикасно за лечење на слабокрвност, ја подобрува работата на желудникот, цревата и жолчката и го регулира крвниот притисок.

Портокал – ја подобрува работата на дигестивниот систем, одлично делува против алергии, воспаленија и вируси и го зајакнува имунолошкиот систем.



Јаболко – го намалува штетниот холестерол, го впива штетното зрачење, корисно е за добар сон, против хроничен замор, висок крвен притисок, вртоглавици, прекумерна тежина, главоболка, мигрена, опстипација, проширени вени...

Грозје – ја подобрува циркулацијата, работата на срцето и го намалува опсегот на уништеното ткиво после срцев удар.

Ѓумбир – ја отстранува мачнината, ја подобрува дигестијата, ублажува разновидни болки, поволно делува на метаболизмот кај заболените од дијабетес, а дејствува и како средство против воспаленија и против згрутчување на крвта.



Кељ – делува превентивно против рак, го спречува штетното влијание на УВ зраците на очите, го одржува здравјето на коските и го зајакнува имунолошкиот систем.

Спанаќ – го зајакнува имунитетот, ја помага ресорпцијта на жлездите, го одржува здравјето на кожата и слузницата и го помага создавањето на црвените крвни зрнца.

Ленено семе – ги ублажува воспаленијата и болката поврзани со ревматизам, артритис, остеопороза и мигрена, го намалува холестеролот, помага при констипација, го стабилизира нивото на шеќер во случај на дијабетес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби