Топ 3 зеленчуци кои го отстрануваат целулитот

Во борбата против целулитот, најважна е здравата исхрана со многу овошје, но при тоа не смееме да заборавиме ни на зеленчукот. Зеленчукот содржи многу витамини и минерали кои се неопходни за воспоставување и за зајакнување на сврзното ткиво.

Исхраната која се базира на зеленчук, во комбинација со помал внес на шеќери (едноставни јаглехидрати), односно со поголем внес на протеини и вода, помага и во воспоставување на нормално ниво на естроген во крвта, како и во нормализирање на шеќерот во крвта, што исто така се важни фактори против целулитот.



Не заборавајте дека во борбата против целулитот, како и против несаканите килограми, потребно е трајно да ги смените прехранбените навики. Темелната промена во исхраната секако може да помогне вашето сврзно ткиво да биде поцврсто, а грдите нерамнини по кожата на задникот и бутовите да се намалат.

Зошто зеленчук?

Свежиот зеленчук содржи повеќе витамин Ц од некои видови на овошје. Со оглед на тоа дека витаминот Ц игра главна улога во воспоставувањето и зајакнувањето на сврзното ткиво, најдоброто што можете да го направите во желбата за мазна кожа по телото е секојдневно на вашето мени да вклучувате оброци со зеленчук, особено свеж.



Салатата од свеж зеленчук нека ви стане дел од секојдневието, а со секој ручек и вечера јадете и варен зеленчук. Со зеленчук заменете го прилогот кој оди со месо, како што се тестенините и лебот. Свежиот спанаќ, црвената пиперка, брокулата, кељот, прокељот и магдоносот се вистински витамин Ц „бомби“.

За зајакнување на сврзното ткиво влијаат и одредени аминокиселини и селенот, кои исто така се наоѓаат во многу овошки и зеленчуци. Калиумот, пак, помага против задржувањето на течностите и штетните материи во клетките, а меѓу зеленчукот кој е богат со калиум се доматите, карфиолот и аспарагусот.

Во продолжение откријте кои се најдобрите 3 зеленчуци кога станува збор за борбата против целулитот.

Сладок компир (батат)



Ова е еден од најстарите видови на зеленчук познати на човекот, а воедно е и еден од најхранливите и најздравите видови, кој е идеален против целулит. Содржи калиум, витамин Ц и Е, како и бета каротен. Слаткиот компир е број еден меѓу зеленчукот во подобрување на циркулацијата и елиминација на токсините, што всушност се две најважни работи кога сакате да го отстраните целулитот.

Брокула



Брокулата е одличен борец против целулитот заради три причини. Прво, брокулата содржи алфа липоична киселина, која помага против стврднувањето на колагенот. Второ, брокулата е концентриран извор на витамин Ц и е одличен извор на прехранбени влакна. И трето, таа е еден од најдобрите извори на калциум меѓу намирниците кои не се млечни, што ја прави одличен борец против целулитот.

Прокељ



Овие мали зелчиња се одлични и во борбата против целулитот. Покрај големото количество на витамин Ц, тие содржат и материја која е наречена индол-3-карбинол (I3C), која откако ќе се внесе во организмот преку храната, се претвора во ди-индолил метан (DIM), која пак им помага на ензимите во црниот дроб да го блокираат производството на 16-OH естрогенот, кој е одговорен за намалување на квалитетот на колагенот.

Не заборавајте!

За време на варењето на зеленчукот, внимавајте тоа да биде на тивок оган, со што помалку вода, или пак на пареа. На тој начин ќе зачувате повеќе витамини во него. Исто така, не заборавајте дека во борбата против целулитот, покрај правилната исхрана и доволниот внес на вода, секако помага и редовната физичка активност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби