ЗАДОВОЛЕТЕ ЈА ЖЕЛБАТА ЗА БЛАГО

Добра вест: Заради ова никогаш не го прескокнувајте десертот!

Доколку и вас од време на време ве фаќа желба за слатко, запомнете дека таа потреба мора да му ја задоволите на вашето тело. Спротивно на општото верување, десертите, сè додека се умерени, се добри за нашето здравје, заради што не би требало да се откажеме од нив.



Еве точно зошто не треба да го прескокнувате десертот:

Буквално нè прави среќни

Познато ли ви е она чувство кога ќе изедете парче од омилениот колач и веднаш се чувствувате подобро? Тоа се случува затоа што намирниците со поголема содржина на јаглехидрати му помагаат на телото во производството на разни хормони и материи, кои предизвикуваат чувство на среќа.

Ја олеснува диетата

Желбата за благо е една од најголемите причини за „прекршување“ на диетите кои ги држиме. Целосното откажување од консумацијата на слатките десерти заради слабеење, нема да ви помогне на долг рок.



Имено, истражувањата покажале дека луѓето кои се исхрануваат здраво, но од исханата не ги исфрлаат десертите, имаат подобар успех при слабеењето бидејќи нивното тело се чувствува задоволно. Затоа, немојте целосно да го елиминирате благото од вашето мени, туку само намалете го нивниот внес.

Го намалува негативниот ефект на диетите

Наглото исфрлање на јаглехидратите и шеќерите од исхраната предизвикува недостаток на глукоза, која е потребна за создавање на енергија. Како резултат на тоа, за време на диетата може да се чувствувате уморно, а за да го избегнете тоа посегнете по десертот.

Преку него може да внесувате повеќе овошје во организмот



За да го зачуваме доброто здравје, неопходно е редовно да внесуваме овошје, а најчесто не сме свесни дека тоа не го правиме доволно. Затоа, вклучувањето на овошните десерти е одлична идеја. Омилената топка сладолед надополнете ја со свежи боровинки, малини или праски, а редот темно чоколадо кој планирате да го изедете, растопете го и прелијте го врз исечкана банана.

Содржи важни нутриенти

Повеќето диети кои ја забрануваат консумацијата на јаглехидрати, не го земаат во предвид фактот дека истите претставуваат еден од есенцијалните нутриенти.



Десертите можеби не се најздравиот облик на јаглехидрати, но со контролирана количина, дозволено е да бидат нивен извор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби