Летен десерт за убаво будење на целото тело

Летото е прекрасно годишно време бидејќи изобилува со овошје, кое пак ни ја разработува фантазијата за експериментирање со некој убав десерт.

Потребно состојки:

  • 1 л млеко

  • 2 пудинга во прав од ванила

  • 4 лажици шеќер

  • 200 гр готов фил од вишни

  • 2 лажици вода

  • 2 лажици рум

  • 2 лажици сок од лимон

  • 1 ванилин шеќер

  • малку цимет во прав

  • 100 мл слатка павлака

  • 50 гр свежи вишни

Подготовка:

  1. Пудинзите сварете ги според упатството на кесичките.

  2. Филот од вишни измешајте го со водата, румот, сокот од лимон, ванилиниот шеќер и циметот.

  3. Ставете го на рингла и оставете да почне да врие со повремено мешање.

  4. Во пошироки чаши до пола сипете од сварениот пудинг и оставете малку да се излади.

  5. Потоа распоредете го филот од вишни и на крај преостанатиот пудинг.

  6. Кога пудингот ќе се излади украсете со изматена слатка павлака и вишни.

Совет: Пред да го ставите врелиот пудинг во чашите, малку изладете ги за да не пукнат.

Пријатен апетит!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби