3 работи кои ќе ви се случат кога ќе престанете да јадете леб

Лебот е за многумина омилена намирница без која не можат да си го замислат денот, а што е уште поважно, истите претставуваат храна и гориво за мозокот. Доколку внесете квалитетни јаглехидрати, мозокот ќе ви работи нормално, без попречувања, но доколку храната која ја консумирате не е здрава, телото реагира негативно на тоа со појава на чувство на малаксаност и замор.



Па така, оваа бомба од јаглехидрати доаѓа во многу различни облици од кои некои се штетни за нашето тело и линија, додека други заслужуваат само пофални зборови. Затоа, кажете му „не“ на белиот леб и во исхраната вклучете ги интегралните печива и тестенини.

Еве што ќе се случи со вашето тело доколку од исхраната во потполност го исфрлите белиот леб:

Ќе ги изгубите килограмите кои се резултат на задржани течности

Лебот е преполн со јаглехидрати, а наглото исфрлање на истите од прехранбените навики, на вашето тело се забележува речиси инстантно и тоа во облик на губење на килограми. Но, не станува збор за инстантно слабеење, туку за губење на водата која се имала задржано во вашето тело.



Телото ги складира јаглехидрати во облик на гликоген, млечна киселина која ја задржува водата. Секој грам јаглехидрати задржан во телото, задржува три до четири пати повеќе вода од својата тежина.

Нема постојано да бидете гладни

Преработените јаглехидрати, со какви што е преполн белиот леб, во вашиот организам предизвикуваат нагол скок на шеќерот во крвта, кој потоа многу брзо опаѓа. Овие промени му испраќаат на мозокот нејасни сигнали, кои го зголемуваат чувството на глад и желба за храна, заради што се дебелееме.

Но, тоа не значи дека во потполност мора да го исфрлите лебот од исхраната, туку празните калории од белиот леб да ги замените со оние од леб направен од житарки од цело зрно, кои го регулираат и балансираат нивото на шеќер во крвта.



Енергијата ќе ви се зголеми, а дигестијата ќе ви се подобри

За разлика од интегралниот или црниот леб, белиот не содржи растителни влакна кои се особено потребни за нормална работа на цревата и на целиот дигестивен систем. Храната која не содржи такви нутритивни влакна предизвикува затвор и проблеми со варењето на храната.

Откако ќе го исфрлите белиот леб од вашето мени и во секојдневната исхрана внесете житарки од цело зрно, системот за дигестија ќе започне со нормална и олеснета работа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби