Топ за со пиво: Маринирани пилешки крилца со ѓумбир

Нема потреба да нарачувате кинески специјалитети кога можете лесно да ги направите дома на многу вкусен начин.

Потребни состојки:

  • 16 пилешки крилца
  • 2 лажици мед
  • 1 згмечена лута пиперка со сок од лимон
  • 1 лажица ситно изрендан исчистен ѓумбир
  • 6 лажици соја сос
  • Масло
  • 2 кесички смрзнат зеленчук

Подготовка:

1. Медот спојте го со лутата пиперка, додадете сол, сок од лимон, изрендан ѓумбир, лажичка соја сос и малку масло и добро измешајте. Во маринадата ставете ги пилешките крилца, поклопете и оставете ги да отстојат три часа во фрижидер.

2. Крилцата испржете ги во тава на две лажици загреано масло и од сите страни пржете ги три минути. Пржените крилца извадете ги од тавата, ставете ги во плех обложен со хартија за печење, премачкајте со преостанатата маринада и печете ги во рерна загреана на 185 степени околу 35 минути. За време на печењето температурата во печката намалете ја со цел крилцата да не се препечат.

3. На преостанатото масло во тавата испржете го зеленчукот, па додадете го преостанатиот соја-сос. Зеленчукот распоредете го на чинија, додадете ги маринираните печени пилешки крилца и по желба послужете ги со тестенини. Секако отворете си едно пиво.

Пријатен апетит!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби