УЖИВАЊЕ БЕЗ СТРАВ ОД ДЕБЕЛЕЕЊЕ

Оваа овошка е совршен избор за летно освежување

Кога е во прашање летното овошје, сигурно на памет први ви паѓаат лубеницата и праските, но постои уште еден подеднакво вкусен вид чија сезона започна токму сега, а кој би требало да се најде на вашата трпеза.

Станува збор за дињата, која припаѓа на истата фамилија како лубеницата, тиквата и краставицата.

Дињата е исклучително богата со витамини и минерали, содржи висок процент на витамин Ц, Б, бета-каротен, како и калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо и бакар. Сигурно не знаете дека дињата содржи три пати повеќе калиум од лубеницата.

Благодарение на големиот процент на вода (околу 95%), ниската содржина на шеќер и одличниот вкус и мирис, ова овошје е идеално летно освежување.

Водата од дињата ја стимулира работата на бубрезите, го регулира крвниот притисок, а високото ниво на влакна му помага на дигестивниот систем полесно да ја свари храната. Бета каротенот помага во борбата против канцерот, а последните истражувања покажуваат дека дињата може да се користи во борбата против неколку видови на рак.

Дињата можете да ја јадете колку сакате и кога сакате, а еве ги причините зошто треба да е што почест дел од вашата исхрана:



- Идеална е за детоксикација на организмот. Содржи 300 милиграма калиум на 100 грама и му помага на телото да се ослободи од вишокот натриум и така го намалува крвниот притисок.

- Сокот од диња порано се користел за ублажување на болка. Доколку сакате да се ослободите од болката, намачкајте го болното место со сок од испасирана диња.

- Во народната медицина дињата се користи за освежување и смирување.

- Се користи против камења во бубрезите, го ублажува убодот од инсекти, изгореници, помага при болести на желудникот и цревата.

- Дињата содржи повеќе калории од лубеницата, но сепак не толку за да дебелее, па можете да уживате во нејзиниот вкус умерено, без страв да не накачите дополнителни килограми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби