Природни напитоци кои даваат енергија

Постојат повеќе начини да го зголемите нивото на вашата енергија во текот на денот. Енергетските пијалаци, како и напитоците кои содржат кофеин и вештачки шеќери, можат да ви помогнат тоа, но истите се меч со две острици.

Од една страна, со текот на времето станувате зависни од нив и пиете сè повеќе како би го постигнале саканиот ефект, а од друга, на долг рок влијаат негативно врз целокупното здравје на организмот.

Затоа наместо да посегнете по уште една шолја кафе, Ред Бул или Кока Кола, направете здрава замена со напитоци подготвени од природни состојки кои го имаат истиот ефект.

Кокос-хидро смуди

Кокосовата вода и бананите содржат големо количество на калиум кој помага во регулирањето и одржувањето на клетките и нивната природна продукција на енергија. Изблендирајте ½ шолја кокосова вода со ½ шолја млеко, ½ банана и ½ портокал.

Зелен чај и чиа

Зелениот чај ја враќа енергијата додека чиата е богата со протеини и омега-3 масни киселини, кои овозможуваат енергизирачкото дејство подолго да трае.
Измешајте 1 шолја зелен чај со 1 лажица чиа и 1 лажичка мед.

Супер напиток за будење

Комбинацијата од брусница и јаболко е токму она што ви треба за енергично започнување на денот. Овој напиток детоксифицира, ги прочистува црниот дроб и бубрезите и ви дава енергија. Помешајте 100 мл сок од брусница со 1 лажица оцет од јаболко и сок од половина лимон. По потреба додадете малку вода за добиениот напиток да не ви биде премногу јак.

Цвекло за поголема продуктивност

Цвеклото е богато со нитрати кои го намалуваат нивото на кислород, кое им е потребно на крвните садови и мускулите за да функционираат правилно. Комбинацијата од цвекло, лимон и јаболко е идеален спој за зголемување на енергијата, особено во денови кога се чувствувате поприлично уморно и без волја за работа. Затоа, во блендер ставете 1 помало цвекло, 1 јаболко, 1 лимон и еден рака спанаќ, па потоа разладете го добиениот сок со мраз.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби