Џем од сланина: Вкусен намаз од кој ќе излижете прсти

За ваков намаз сигурно немате слушнато ниту го имате пробано претходно, а иако неговото име звучи чудно, бидете сигурни дека штом го направите, ќе го изедете за помалку од еден ден.

Сланината е непресушен извор на инспирација за гурманите, кои ќе се согласат со изреката дека сланината го прави секое јадење повкусно. Доколку сакате да експериментирате со оваа намирница, ова е идеалниот рецепт за вас.



Немојте да се плашите да „потрошите“ 200 гр сланина бидејќи она што ќе го добиете е совршенство - солен џем со интензивен вкус кој ќе ве воодушеви.

За неговата подготовка потребно е да одберете неколку зрели и сочни домати. Не мора да ги лупите, но секако отстранете го зелениот дел кај дршката.

Потребни состојки:

  • 200 гр сланина
  • неколку зрели домати
  • 1 главица кромид
  • зачини по желба (бибер, црвен пипер)

Подготовка:

Сланината исечкајте ја на тенки ленти и испржете ја во тавче, додека не стане крцкава. Со оглед на поголемата количина сланина која треба да ја испржите, немојте да ја натрупувате и направете го тоа во две или три тури.

Испржената сланина оставете ја на страна во чинија. Во мала чашка ставете две до три лажици маст која останува од пржењето на сланината, а потоа исчистете го тавчето од маста и евентуалните останати парченца кои би можеле да изгорат.

На загреаната маст од сланината испржете ситно сечкан кромид, додека не добие сладок вкус. Лентичките пржена сланина вратете ги во тавчето парче по парче. Додадете ги сечканите домати и останатите зачини по желба (бибер, црвен пипер), па поклопете го тавчето.

Ринглата силно загрејте ја додека сосот не почне да врие, а потоа на намалена температура варете до 45 минути. Повремено мешајте и внимавајте „џемот“ да не загори. Течноста мора да се редуцира и џемот да стане густ и леплив.



Оставете го малку да се излади, а потоа можете да го консумирате и ладен и топол. Во добро затворена тегла, џемот може да го чувате до две недели. Можете да го мачкате на леб, крекери, двопек или да го додадете во сендвич, пржени јајца, па дури и во салата. Еднаш кога ќе го пробате, ќе знаете дека можете да го јадете со сè!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби