Најбрз рецепт за сладолед од само една состојка!

Бананата е специфично овошје кое има посебна текстура и богат вкус, а токму во овој сладок плод лежи тајната на најевтиниот и најздравиот кремаст сладолед без глутен и без вештачки засладувачи. Подготовката на сладоледот од банана е многу едноставна.



Да започеме!

За да го направите овој сладолед еднинствено што ви треба се две банани.

Подготовка:

Излупете ги бананите и исечкајте ги на крукчиња, а потоа ставете ги во чинија или во кесичка и ставете ги во фрижидерот за длабоко замрзнување. Оставете ги да постојат околу 2 часа, додека потполно не се стврднат. Замрзнатите крукчиња ставете ги во блендер и миксајте додека не добиете густа и леплива маса.

Измиксаните банани сега веќе имаат структура на сладолед, а доколку сакате истата да биде потврда, ставете ја смесата од банани во замрзнувачот да постои уште половина час.

Трикови

Доколку сакате да добиете уште 4 различни вкусови, во бананите додадете ги следните состојки:

1. Кикирики – во блендерот додадете 3 лажици путер од кикирики и 1 лажица мед.



2. Нутела – во блендерот додадете 3 лажици Нутела.

3. Јагоди – во блендерот додадете грубо исечкани замрзнати јагоди (количина по желба) и 2 лажици слатка павлака. Добиената смеса вратете ја во замрзнувачот за да се стврдне.

4. Чоколадо – во блендерот додадете 3 лажици горчливо какао, 2 лаживи слатка павлака и 1 лажичка екстракт од ванила. Добиената смеса вратете ја во замрзнувачот за да се стврдне.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби