Крцкави, здрави и превкусни. Одлични за во лето кога е веќе претопло и не вреди да ја вклучувате рерната повеќе од 20 минути, но и кога ви е потребен брз и вкусен ручек кој не бара многу комплицирана подготовка.
Потребни состојки:
- 4 долги тиквички
- 110 грама рендан пармезан
- ½ лажичка оригано
- ½ лажичка сув босилек
- ½ лажичка сушен темјан
- ½ лажичка лук во прав
- 2 лажици сув магдонос
- Сол по вкус
- Маслиново масло
Подготовка:
Загрејте ја претходно рерната на 180 степени Целзиусови
Во сад измешајте го пармезанот, солта и зачините.
Тенките и измиени тиквички исечете ги на четвртинки по должина, па премачкајте ги со масло и наредете ги на тавче. Откако ќе ги наредите посипете ги со смесата со пармезан и зачини па печете 20 минути на 180 степени.
Сервирајте ги топли.