Чоколаден мус за само неколку минути

Чоколаден ладен десерт? Да секако. Сладоледот е супер во топлите денови, а совршениот рецепт за тоа е овој брз чоколаден мус.

Потребни состојки:

  • 300 гр. темно чоколадо
  • 3 јајца
  • 50 гр. шеќер
  • 1 лажица какао во прав
  • 300 мл. хопла плус уште малку за декорација
  • Малку рендано чоколадо за декорација

Подготовка:

Стопете го чоколадото претходно искршено на коцки во сад кој е ставен врз пареа, а кога ќе се стопи тргнете го садот на страна за малку да се олади.

Во друг сад изматете ги јајцата и шеќерот со електричен миксер околу 5 минути или додека смесата не стане побледа и додека шеќерот не се стопи. Во овој сад додадете го стопеното чоколадо и какаото.



Во нов сад изматете ја хоплата, не целосно и да биде малку поразводенета од вообичаено кога би ја мателе за да ја употребите за филување и одвојте од хоплата за гарнир. Сместата со растопеното чоколадо, јајцата и шеќерот додадете ја во овој сад и убаво измиксајте за да се соедини целосно мусот.

Распоредете го мусот во посебни чаши, гарнирајте со одвоената хопла и рендано чоколадо. Ставете ги чашите во фрижидер за да се стегне мусот околу 1 час, а потоа послужете го десертот ладен.

Добар апетит.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби