Најскапата храна на светот која веројатно нема да си ја дозволите

Иако храната е суштински дел од нашиот живот бидејќи ни претставува основна потреба, таа исто така може да биде и луксуз. Некои намирници се толку скапи што речиси е неверојатно дека станува збор за храна. Прочитајте кои се тие и дознајте што им ја прави цената толку висока.

Кавијар од белуга



Кавијарот од белуга е официјално најскапата намирница на светот. Една конзерва чини околу 38 илјади американски долари. Овој кавијар се состои од икри на белуга наречена Хусо Хусо, која може да се најде само во Каспиското море. На овој вид на риба потребни и се дури 20 години за да достигне зрелост, а нејзината икра е најскапата од сите икри кои се користат за кавијар. Икрата обично има црна боја.



И начинот на сервирање на овој кавијар е луксузен. Се служи на парчиња на двопек со специјални лажички произведени само од одредени видови на метал, со цел да се избегне опасноста металната лажичка да има лош вкус. За изработка на приборот за јадење на кавијарот од белуга, најчесто се користат бисери или коски.

Копи лувак



Ова е најскапото кафе на светот, од кое еден килограм чини преку 1000 долари. Потекнува од Суматра, а името го има добиено по цицачите кои се нарекуваат „лувак“. Овие животинки живеат на дрвата со кафе и ги јадат зрелите плодови, а потоа од нивниот измет се прави ова луксузно кафе.

Тие ги голтаат целите плодови, со сите семки кафе, кои при поминувањето низ нивниот дигестивен тракт, претрпуваат одредени хемиски процеси и ферментација.



Во стомакот на лувак животните, желудочните сокови ги отстрануваат острите рабови и дел од кофеинот и протеините, кои му даваат горчлив вкус на кафето, по што во изметот исфрлаат зеленкасти зрна на кафе. Откако добро ќе се исчистат и исушат на сонце, зрната се пржат како и секое друго кафе. Оние кои го пробале велат дека има вкус на чоколадо и карамела.

Шафран



За време на средниот век шафранот често се користел како зачин во благородните куќи – кога во некоја куќа јадењата се зачинувале со шафран, било јасно дека станува збор за имотно семејство. Од тогаш па до денес, работите во врска со овој зачин не се промениле значајно. Шафранот и денес претставува привилегија и го користат оние со малку подлабок џеб.

Најскапиот зачин на светот своето име го добил од персискиот збор „za'faran“, што значи „биди жолт“. За еден килограм од овој зачин потребно е да издвоите 1000 евра, па дури и повеќе.



Една од причите зошто овој зачин е толку скап е тоа што тешко се добива. За само еден килограм од зачинот шафран потребно е да се наберат помеѓу 110 и 170 илјади цветови шафран. Но, тоа не е единствената потешкотија. Шафранот може да се бере само еднаш годишно, за време на цветањето, во период од 2 недели. Најголемите произведувачи се Шпанија и Иран, кои покриваат преку 80% од светското производство, додека помали количини од овој зачин се произведуваат во Турција и Индија.

Црни тартуф печурки



Кралската печурка, како што се нарекува тартуфот, е многу ретка, па тоа е една од причините зошто се продава по 5000 евра по килограм. Мислењата се поделини за тоа дали тартуфот спаѓа во храна или зачин.

Оваа печурка има многу карактеристичен мирис и важи за многу силен афродизијак. Тоа неодамна го докажаа и италијанските научници, кои потрврдија дека тартуфот содржи феромони, хемиски соединенија кои се наоѓаат во човечкото тело, а кои ја поттикнуваат сексуалната активност.



Покрај исклучителниот вкус, тартуфот е познат и по своите лековити својства благодарение на дури 22 аминокиселини кои ги содржи. Познат е и како „храна за мозокот“, бидејќи ги обновува сивите клетки и на тој начин ја подобрува способноста за учење, помнење, концентрација и ментална издржливост.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби