ПРСТИ ДА ИЗЛИЖЕШ

Вкусен бурек со месо на старински начин

Калориите растат со неверојатна брзина, но ние не се грижиме за тоа кога станува збор за некое вакво превкусно јадење кое можеме да го дозволиме понекогаш и да уживаме.

Потребни состојки:

За корите:

  • 500 гр. брашно
  • 260 мл. млака вода
  • 15 гр. сол
  • 1 лажица масло

За филот:

  • 2 до 3 лажици масло
  • 1 главица кромид ситно сецкан
  • 500 гр. мелено говедско (јунешко)
  • пола лажичка сол
  • пола лажичка мелен бибер
  • 120 мл. масло

Подготовка:

1. Замесете тесто од 500 гр. брашно, вода и сол. Месете додека добро не се соедини смесата, а потоа обликувајте 8 топчиња. Секое топче нека тежи 100 грама.

2. Во сад сипете 120 мл. масло и во него ставете ги сите топчиња тесто и оставете нека стојат во маслото 30 минути до 1 час во фрижидер. Ако ги оставите преку ноќ уште подобро да отстојат, а пред да ги расукате по вадењето од фрижидер оставете ги 20 минути на собна температура.

3. Филот правете го така што на загреано масло (1 до 2 лажички) испржете го кромидот, потоа додадете го меленото месо, измешајте, додадете го мелениот бибер, па динстајте додека месото не ја смени бојата. Тргнете од оган и оставете да се олади.

4. На памучна крпа или чаршав сипете малку брашно и на него ставете топче тесто. Развлечете го прво со раце, а потоа со сукало до саканата големини. Што потенко тоа подобро. Посипете го тестото со брашно со цел со цел да не се лепи за сукалото и крпата.

5. Тестото филувајте го со месо, исечете ги подебелите краеви и здиплете ја во форма на круг.

6. Развлечете ја втората кора и на средина ставете ја здиплената прва кора. Нанесете од филот само на здиплената кора и преку нејзе префрлете ги краевите од втората кора, за убаво да се затвори бурекот.

7. Вака здиплениот бурек тргнете го настрана и развлечете ја третата кора. Во средина на неа ставете го дотогаш свитканиот бурек и врз него ставете од филот. Краевите на развлечената кора префрлете ги пак преку филот и оставете го настарана. Повторете ја постапката и со четвртата кора.

8. Од исечените краеви од секоја кора формирајте топче и од него развлечете уште една кора како слој на самиот бурек.

9. Така подготвениот бурек ставете го во добра намачкана со масло тепсија. Ставете го во рерна која претходно сте ја загреале и печете на 190 до 200 степени. Печете додека убаво зарумени ( околу 30 минути).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби