Што ќе му се случи на вашиот организам ако јадете 5 сливи на ден?

Сливите се познати како мултивитамински плодови, но многу од нас немаат навика да ги јадат редовно, ниту кога е сезоната на свежите сливи. Можеби ќе почнете, откога ќе прочитате што тие му прават на организмот.



Една слива содржи 84% вода, 0,6 % протеини, 10% јаглени хидрати, 2,1 гр растителни влакна. Покрај тоа, сливите имаат ниско ниво на масти и калории, а висок процент на витамините А, Ц и Е, како и на минералите калциум, магнезиум и калиум.

Доколку јадете по 5 сливи на ден, еве како тоа ќе влијае врз вашиот огранизам.

Го намалуваат нивото на шеќер во крвта

Сливите се поврзуваат со низок гликемиски индекс, што значи дека можат да ви помогнат да го контролирате нивото на шеќер во крвта и да го намалите ризикот од дијабетес тип 2.

Ја подобруваат меморијата

Доколку консумирате по пет сливи на ден, со тоа ќе му помогнете на вашиот организам да се ослободи од негативното дејство на слободните радикали кои лошо влијаат врз нашето помнење и нашата меморија.



Го штитат срцето

Една свежа слива во просек содржи 113 мг калиум. Овој минерал помага при контрола на високиот крвен притисок, а со тоа го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.

Го подобруваат и штитат целиот дигестивен систем

Сувите сливи се одличен начин да го забрзате варењето. Еден од начините да ги консумирате во текот на целата година е да потопите суви сливи во свежо зовриена вода, потоа да оставите да се оладат и да ги замрзнете.



Ги зајакнуваат коските

Истражувачите од универзитетите на Флорида и Оклахома 12 месеци тестирале две групи на жени во постменопаузна фаза. Едната група консумирала по 100 грама суви сливи на ден (околу 10 сливи), а другата по 100 грама сушени јаболка.

Жените и од двете групи консумирале калциум и витамин Д во вид на суплементи. Резултатите покажале дека групата која јадела суви сливи имала значајно поголема густина на коските, рбетот и подлактиците.

Го подобруваат здравјето на очите

Сливите се и тоа како важни за здравјето на очите. Фитонутриентите кои се наоѓаат во сливите може да го намалат ризикот од настанување на макуларна дегенерација или жолти дамки, заболување кое воглавно ги погодува постарите лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби