Љубителите на сендвичите добиваат уште една причина зошто да ги обожуваат, а оние што не сакаат, еве им причина да се предомислат.
Оваа крцкава комбинација ќе им се допадне на сите. Потребни ќе ви бидат пилешко месо и тегла кисели краставички.
Подготовка:
Сосема малку посолете го пилешкото месо без коски и додадете му малку бибер. Ставете го во кеса за замрзнување и во неа истурете ја водата од теглата со киселите краставички. Потребна ќе ви биде половина од количината во теглата. Добро затворете ја кесата и оставете месото да го впие сокот од киселите краставички околу половина час. Можете да го оставите и да отстои преку ноќ.
Во една чинија ставете малку млеко, а во друга брашно во кое сте додале две лажици прашок за печиво. По желба дополнително додадете му бибер на месото, но немојте сол бидејќи течноста од теглата е доволно солена, а месото ја има впиено. Извалкајте го месото прво во млеко, па во брашното, па потоа испржете го во длабоко и добро загреано масло.
Потоа малку потпечете го лепчето, ставете неколку парчиња од киселите краставички и додадете го прженото месо. Уживајте!
Еве како изгледа постапката чекор по чекор: