Во денешно време, шеќерот е еден од најголемите непријатели на нашиот организам и токму тој е најзаслужен за дебелеењето и болестите поврзани со прекумерна тежина.
Израелскиот стартап DouxMatok, на пазарот планира да го исфрли својата замена за класичниот шеќер, па затоа патентираа шеќер кој се состои од наночестички на целулоза или силициум, инаку главна состојка во песокот како што можете да го најдете на некоја плажа, кои се индивидуално обложени со шеќер.
Наночестичките се толку мали што под јазик нема да ги почувствувате, но и понатаму ќе ви овозможат да почувствувате слаткост. Па ќе имате чувство дека консумирате вистински шеќер, но кога телото ќе ја апсорбира слатката навлака, остатокот од честичката нема да се свари. Освен тоа, овие честички не се топат во вода, што значи дека ќе го сочуваат својот интегритет и функционалност, дури и кога со нив ќе засладувате пијалаци.
Сето тоа резултира со намалување на уделот на шеќер за 25 до 55%, додека според тврдењето на DouxMatok чувството за слатко ќе остане исто како кога користите вистински шеќер во исти количини.
Израелците велат дека ова е налик на лековите во организмот, бидејќи е потребната мала количина на активна супстанца на лекот ако се доведе директно на она место во организмот кое се лечи.
Компанијата вели дека започнале со тестирање на оваа технологија со произведувачите на храна и поседуваат верзија која може да се користи за засладување на колачи и газиран напиток.
За сега не е познато дали од надлежните органи добиле дозвола за користење во прехраната за луѓе, ниту кога и по која цена овој нивни нано шеќер ќе се најде во продажба.