Внимавајте: 5 кујнски предмети со краток рок на траење

Некои кујнски предмети кои ги користиме при секојдневното подготвување на јадење, мора да ги исфрлиме од употреба затоа што нивниот рок на траење одамна поминал и не треба да ги користиме. За кои предмети станува збор?

Дрвен кујнски прибор
Рок на траење до 5 години



Кога на своите садови, лажици за готвење или даски изработени од дрво ќе забележите пукнатини, промена на боја или почувствувате дека површината на одредени места е омекната, тоа значи дека е време да ги заменете со нови. Не заборавајте дека дрвото е материјал кој впива мириси, влага, но и бактерии. Затоа овој прибор мијте го веднаш по користењето, немојте предолго да го киснете меѓу нечистите садови и немојте да го сушите на влажно место.

Гумени или силиконски шпатули
Рок на траење до 2 години



Гумените или силиконските шпатули при крајот на користењето ја менуваат бојата и пукаат. Тие имаат и еден хигиенски проблем, а тоа е дека се направени од два дела, дршка и глава. Токму делот меѓу тие два дела е место во кое влегуваат остатоците од намирниците, а и тешко се чисти.

Садови со нелеплива (non-stick) површина
Рок на траење до 3 години



Ако забележете длабоки гребаници, површината почнува да се лупи или да влегува во храната, време е да ги фрлите. Ако сакате да им го продолжите рокот на траење, задолжително покријте ги со хартиена крпа пред да ставите некој друг сад врз нив. Ако сте во можност држете ги обесени на ѕидот или на некоја друга површина.

Пластични даски за сечење
Рок на траење до 3 години



Даската веќе нема да ви служи кога исечениците од ножот се толку длабоки што секогаш останува храна. Немојте да заборавите дека за секој вид на намирници потребна е различна даска. На онаа за риба или месо не подготвувајте овошје или зеленчук и обратно, со цел евентуалните бактерии од местото и рибата да не ги пренесете на други намирници.

Мал кујнски нож
Рок на траење до 5 години



Ако ножот за'рѓа, дршката му се ниша или ако веќе не можете да го наострите, време е да го фрлите. Овој повеќенаменски нож кој често се употребува, го користиме речиси секојдневно и поради тоа лесно се истенчува, особено оној кој е остар на врвот. Острете го еднаш неделно за да му го продолжите рокот на траење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби