За да си обезбедите хранлив и вкусен појадок и да ги избегнете брзите нездрави варијанти кои вобичаено ги набавуваме, ви препорачуваме да го испробате рецептот за овој леб кој се прави навистина брзо. Неговата основна состојка е лененото семе, кое е неверојатно здраво.
Лененото семе содржи високо ниво на омега 3 масни киселини, ги штити срцето и крвните садови, ја поттикнува дигестијата и помага при слабеење и одржување на идеална тежина. Исто така, тоа е фантастично и за поттикнување на растот на косата.
Лененото семе може да се најде во речиси секој супермаркет, во делот за здрава исхрана.
Овој леб би требало да биде висок колку вообичаен леб, па затоа не се пече на обично тавче, туку во калап за колач.
Доколку сакате да извлечете што повеќе хранливи материи од лененото семе, пред користење грубо сомелете го во блендер, или пак да набавите веќе мелено.
Потребни состојки:
- 120 гр мелено ленено семе
- 100 гр брашно (по желба – бело или интегрално)
- 1 лажица прашок за печиво
- 2 лажици мед
- 3 проматени јајца
- 60 мл вода
- 70 мл кокосово масло
Во овој леб слободно додадете и други семки кои сакате да ги јадете, како и свежи или суво овошје. Ние одбравме банани исечкани на кругчиња, кои се одлични за појадок. Еден дел можете да го оставите и „слободен“, за да можете да го комбинирате со нешто солено.
Подготовка:
Добро изматете ги јајцата, па во нив додадете ги останатите состојки (лененото семе, брашното, прашокот за печиво, кокосовото масло, водата и медот). Почекајте 5 минути да отстои, со цел семките да ја впијат влагата. Калапот за печење обложете го со хартија за печење и на рабовите ставете сосема малку масло за лебот да не се залепи.
Распоредете ја рамномерно смесата врз хартијата, па ставете го тестото да се пече 30 минути на температура од 175 степени.
Добар апетит!