Леб со домати и босилек

Најголемиот производител на леб во земјава, Жито Лукс, ја прошири својата палета на производи со лансирањето во продажба на уште еден леб во медитеранското семејство – Медитерано со домати и босилек. Мешавината на ладно цедено маслиново масло, суви домати и босилек внесуваат ароматична нота за секој оброк и претставуваат вистинска летна и лесна закуска. Производот не содржи вештачки и прехранбени бои, а обоеноста е резултат на природните состојки.



„Компанијата интензивно работи на развивање на нови вкусови и производи, како од традиционалните така и од специјалните лебови. Медитерано со домати и босилек е четвртиот вид од истоимената фамилија лебови инспирирана од една од најбогатите светски кујни што изобилува со разновидни вкусови и ароми. И овој леб во себе ја има основната состојка на медитеранската кујна, карактеристична за сите лебови од линијата, маслиновото масло кое покрај специфичниот вкус уште и се одликува со голем број особини корисни за човековото здравје и за секојдневно медитеранско уживање“, изјави Лидија Трајковска, Маркетинг менаџер во Жито Лукс.

Медитерано лебот со домати босилек е достапен на парчиња во едноставно и практично пакување, што овозможува продолжена свежина до четиринаесет дена без додаток на конзерванси, постигното со помош на иновативната технологија на пастеризација на леб.

Со секој новитет на компанијата, се трудиме да ги задоволиме и најсофистицираните барања на нашите потрошувачи кои уживаат во различните вкусови леб. Новите лебови произлегуваат од анализата на пазарот и потребата од разновидноста во делот на понуда на леб. Преку лансирањето на новиот вкус на леб, компанијата Жито Лукс уште повеќе ја зголемува понудата на производи, ги задоволува барањата за нови вкусови на консументите и ги следи новите светските трендови во делот на иновативноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби