Топ 5 пијалаци заради кои се дебелееме

Колку храна ќе внесете во текот на денот може да зависи и од тоа што пиете. Неодамнешното американско истражување открило дека одредени видови на пијалаци поттикнуваат внес на дополнителни калории од храната.



Имено, Американската студија објавена во списанието „Journal of the Academy of Nutrition and Dietetics“ открила дека омилениот пијалак кој го консумираме секојдневно може да не поттикне да изедеме повеќе калории во текот на денот.

Научниците ги проучувале навиките на консумирање на храна и пијалаци кај повеќе од 20.000 Американци и заклучиле дека алкохолот, кафето, чајот, газираните пијалаци, како и диеталните пијалаци, предизвикуваат одреден степен на прејадување.



Алкохолните пијалаци се нашле на прво место бидејќи го отвораат апетитот и нè поттикнуваат да изедеме дури 384 калории повеќе во просек.

Заради газираните пијалаци, пак, јадеме околу 226 калории повеќе, но можеби најголемо изненадување е тоа што заради кафето внесуваме и 108 калории повеќе, додека диеталните пијалаци се виновни за 69 калории повеќе.



Дури и чајот, кој е еден од најздравите напитоци, поврзан е со внес на 64 калории повеќе. При тоа се мисли исклучително на дополнителните калории од храната. Интересно е тоа што било утврдено дека кафето најмногу нè тера да јадеме висококалорична храна која е сиромашна со хранливи материи. Според резултатите од истражувањето, едно кафе на ден може да нè поттикне да внесеме 60 калории екстра од брза храна.

Алкохолот ни го отвора апетитот, но што е со диеталните пијалаци? Научниците сметаат дека овие нискокалорични напитоци не пружаат доволно задоволство, заради што се потоа посегнуваме за храна и вкусови. Друго можност објаснување е тоа што консументите на диетални пијалаци чувствуваат помала вина и сметаат дека понатамошниот внес на дополнителни калории им е оправдан.



Што се однесува до кафето, чајот и газираните пијалаци, одговорот можеби лежи во хемиската реакција која се случува во мозокот по консумацијата заради која имаме потреба да јадеме, но експертите се согласуваат дека одговорот можеби попрво лежи во навиката.

- Многу е веројатно повеќето луѓе тие пијалаци да не ги консумираат сами. Видот на храната која ја комбинираме со нив најчесто не е здрава – кафето оди со колачиња, чајот со кекси, газираните пијалаци со хамбургер, пица и друг вид на брза храна, вели предводникот на истражувањето, Руопенг Ан од Универзитетот во Илиноис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби