ДОБРИ ИЛИ ЛОШИ

Какви масти смееме да внесуваме?

Мастите и масните киселини доаѓаат во многу облици. Некои се добри, други лоши, а трети се многу лоши за нашето тело и здравје. Доколку планирате заради здравјето да го промените режимот на исхрана или пак сакате да изгубите вишок килограми, ви претставуваме краток правилник за мастите кои би требало да го знаете.



ДОБРИ МАСТИ

1. Монозаситени масти

Тоа се масти кои телото ги сака и му требаат. Најчести извори на овие видови на масти во облик на масло ги пронаоѓаме во маслиновото масло, како и во маслото од кикирики. На собна температура овие масти се во течна форма.

Овие намирници, благодарение на добрите масти кои ги содржат, докажано го намалуваат нивото на „лош“ (ЛДЛ) холестерол, а го задржуваат добриот (ХДЛ).

Извори: Маслинки, кикирики, авокадо, јаткасти плодови како бадеми и лешници, како и семки од тиква и сусам.

2. Полинезаситени масти

Овие масти се голем пријател на нашето тело и потребно е редовно да ги внесуваме во организмот. Маслата кои го содржат овој вид на масти се сончогледовото, пченкарното и сусамовото масло. Голем извор на полинезаситени масни киселини се наоѓа во рибата (омега-3 и омега-6), а особено во сардината, скушата и туната.



Докажано е дека овие масти го намалуваат ризикот од срцеви болести и тоа на тој начин што го намалуваат холестерол.

Извори: риба, јајца, ленено семе, сусам, сончоглед, ореви.

ЛОШИ МАСТИ

1. Заситени масти


Заситените масти, кои најчесто ги наоѓаме во месото и производите од животинско потекло, како и одредени билни масла како што е палминото и кокосовото масло, се сметаат за лоши. На собна температура тие имаат цврста состојба.

Преголемите количини на заситени масти во исхраната, заради зголемениот ризик на вкупниот и ЛДЛ холестеротол, докажано предизвикуваат запушување на крвните садови, со што се зголемува ризикот за сериозни срцеви заболувања.

Извори: Рафинирани масла (билно, палмино), маргарин, масно црвено месо и месни преработени производи, путер.



2. Транс-масни киселини

Транс-мастите настануваат во процесот на хидрогенизација на незаситените масни киселини во билните масла, при производство на чисти масти (маргарин), како и за време на рафинирањето на билните масла при високи температури (при пржење на храната). Исто така, во природен облик можат да се најдат во некои производи од животинско потекло.

Овој вид на масти докажано и значајно ја зголемува опасноста од болести на срцето и крвните садови, како и од дијабетес и прекумерна тежина. Се сметаат за многу штетни бидејќи не само што се одговорни за зголемување на лошиот (ЛДЛ) холестерол, туку истовремено и го намалуваат нивото на добриот холестерол (ХДЛ).

Извори: Готовата храна со конзерванси, готовите супи, пржената и брза храна, како и онаа подготвена во длабоко масло (пржени компирчиња, чипс).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби