Направете го сами!

Рецепт: Леб кој го забавува стареењето

Квалитетната и соодветна исхрана може да придонесе за забавување на процесот на стареењето. Здравјето и убавината се директно поврзани. Доколку во организмот е воспоставена рамнотежа во метаболизмот, како и хормонален баланс и доколку немаме недостаток на важни минерали и витамини во организмот, тогаш и физичкиот изглед ќе ни биде значајно подобар.



Погрешната комбинација на храна, како и консумирањето намирници кои не ни одговараат, во голема мера го одземаат здравиот и убав изглед. Кожата забрзано старее, се појавува целулит и се формираат локални масни наслаги. Доаѓа и до пореметување на метаболизмот, кој не мора да биде очигледен до 40-те години од нашиот живот.

Токму заради тоа, ви го претставуваме рецептот за леб кој ефикасно го спречува стареењето и кој би требало да ви биде основа на секој појадок.

Потребни состојки:

  • 200 гр брашно од елда
  • 200 гр интегрално пченично брашно
  • 100 гр брашно од ’рж
  • 1 прашок за печиво
  • малку сода бикарбона
  • 4 лажици маслиново масло
  • половика лажица ким
  • 1 лажица мелено ленено семе
  • малку рузмарин
  • 500 мл вода


Брашно од елда (зрнесто семе)

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки заедно и оставете ги да отстојат преку ноќта со цел да ферментираат.

Загрејте ја рерната на 250 степени, смесата истурете ја во соодветен сад за печење претходно обложен со хартија за печење и печете помеѓу 30-60 минути. Времетраењето на печењето зависи од тоа колку е лебот дебел, односно од големината на садот за печење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби