10 намирници кои го намалуваат нивото на лошиот холестерол

Долготрајтното високо ниво на лош холестерол во крвта доведува до развој на болести на срцето и крвните садови. Со цел да ги спречите тие несакани последици, уживајте во следните намирници!

Овес



За да го намалите холесеролот во крвта, за појадок консумирајте овесна каша. Оваа житарка го намалува лошиот холестерол за 5,3 проценти доколку ја јадете секој ден во период од 6 седмици. Главниот „виновник“ за тоа е бета-глуканот од овесот, кој го впива ЛДЛ холестеролот, по што телото во потполност го исфрла од организмот.

Риба

Храната богата со омега 3 масни киселини ја спречува појавата на срцеви болести и деменција, а исто така го намалува нивото на лошиот холестерол. Масните киселини, кои можете да ги најдете во сардините и лососот, го намалуваат ЛДЛ холесеролот, но истовремено го зголемуваат добриот ХДЛ холестерол.

Јаткасти плодови

Лицата кои секојдневно консумираат по 40 грама ореви, за период од еден месец ќе го намалат лошиот холестерол за 9,3 проценти, покажало истражувањето објавено во списанието American Journal of Clinical Nutrition. Добар избор се и бадемите и индиските ореви. Сепак, кога ги консумирате овие намирници, имајте на ум дека истите се многу калорични и дека не треба да претрувате со големи количини.

Црн чај



Не само што содржи антиоксиданси кои го штитат телото од слободни радикали, црниот чај содржи материи кои го спречуваат растот на лошиот холестерол. Редовното пиење на црн чај за време на 20 дена, го намалува нивото на липиди во крвта за дури 10 проценти и го намалува ризикот за појава на одредени кардиоваслуларни болести.

Грав

Гравот е познат чувар на срцето и на крвните садови. Истражувчите од државниот универзитет во Аризона, САД, успеале да докажат дека консумацијата на 50 грама од оваа мешунка на ден може да го намали нивото на лошиот холесѕерол за 8 проценти. Причината за тоа се крие во растителните влакна со кои гравот изобилува.

Темно чоколадо

Темното чоколадо е моќен антиоксиданс кој го подобрува помнењето и расположението, како и нивото на добриот ХДЛ холестерол. Една студија спроведена во 2007-та година покажала дека нивото на добриот холестерол пораснало за дури 24 проценти кај луѓето кои го консумирале  секојдневно.

Имајте на ум дека темното чоколадо кое содржи голем процент на какао е три пати поефикасно од млечното чоколадо.

Лук



Покрај тоа што го подобрува вкусот на повеќето јадења, лукот се има покажано и како сојузник во намалувањето на нивото на холестеролот, во намалување на згрутчувањето на крвта, инфекциите и крвниот притисок. Нутриционистите препорчауваат дневно да се консумираат по две до четири чешниња.

Маслиново масло

Maслиновото масло е полно со монозаситени масни киселини кои го намалуваат ЛДЛ холестеролот, но и го поттикнуваат согорувањето на масни клетки во пределот на стомакот. Користете го во подготовка на салати, маринирајте во него риба и месо и со него печете зеленчук.

Спанаќ

Овој популарен листест зеленчук е богат со лутеин, пигмент кој ги штити очите од дегенеративни болести, но и го намалува ризикот од срцев удар, бидејќи го одржува здравјето на артериите и го спречува згрутчувањето на крвта.

Авокадо



Оваа зелена протеинска „бомба“ ефикасно го заштитува организмот, го зголемува нивото на добриот ХДЛ холестерол и го намалува нивото на лошиот. Но, кога уживате во овој егзотичен плод, внимавајте на количината која ја внесувате бидејќи станува збор за многу калорична намирница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби