Dave’s Kitchen: Ролат со мак

Ви се јаде нешто благо, но сè уште не знаете што?  Еве една вкусна и лесна идеја за ролат со мак.  Дури и да немате навика да месите, ова е рецепт што лесно ќе можете да го приготвите во својата кујна.

Потребни состојки за тестото:

  • 150 мл. млеко
  • 100 гр. шеќер
  • 1 јајце
  • прстофат сол
  • 1 квасец
  • 100 гр. путер
  • 400 гр. брашно

Најпрво квасецот ставете го во чаша и посипете го со млекото за да стаса. Кога квасецот ќе нарасне, заедно со сите други состојки замесете меко тесто и оставете го да стаса најмалку 1 час или додека не го зголеми волуменот двојно.

Потребни состојки за филот:

  • 150 мл. млеко
  • 100 гр. путер
  • 150 гр. шеќер
  • 250 гр. мак
  • 1 лаж. цимет

Сите состојки ставате ги во тенџере на оган да се сварат за да се згусне. Тргнете го на страна и додајте 2 лажици мед.

Кога тестото ќе стаса, поделете го на два дела и секој дел формирајте го во правоаголна кора. Премачкајте ја секоја кора со филот и виткајте во ролат.

Ставете ги двата ролата во тавче обложено со хартија да стасаат, премачкајте ги со 1 јајце и печете ги на 150 степени околу 50-тина минути или додека не добијат убава златно-кафена боја.

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби