БОЖИЌНА ТРПЕЗА

Dave's Kitchen: Рецепти за сечиј вкус

Христос се роди! Навистина се роди!

Сите оние кои беа воодушевени од божиќната трпеза на Давор Панчевски и сакаат да приготват некое од превкусните јадења кои се најдоа на неа, денеска ќе ја имаат ексклузивната можност да ги дознаат рецептите за истите.

Уживајте во добрата храна и во празничните мигови поминати во кругот на семејството.

Свински бут

Цело парче се посолува од вечер да отстои на ладно место, потоа се премачкува со свинска маст или путер. Во тавата каде што се пече се додава една чаша вода и се пече 3 часа без дополнително покривање со фолија на 150 степени.

Мисирка

Голема мисирка печете ја намачкана со свинска маст или путер од сите страни, над и под кожата. Во тавата додадете една чаша вода и печете на температура од 200 степени 1 час со фолија. Потоа се открива фолијата и се пече уште 2 часа. Од време, на време полевајте ја со течноста од тавата.
Кога ќе биде готова се покрива со фолија за да да останат сите вкусови во неа.

Погача со спанаќ и сирење

Потребни состојки:

  • 500 гр. брашно
  • 250 мл. млеко
  • 1 свеж квасец
  • 1/2 филџан шеќер
  • 1 филџан масло за јадење
  • прстофат сол
  • 200 гр. обарен и исечкан спанаќ
  • 150 гр. урда

Начин на подготовка:

Во сад на страна убаво измешајте ги млекото, квасецот и едно лажиче шеќер, оставете да стаса. Доколку сакате да ја забрзате постапката на стасување млекото треба да биде млако. Стасаната смеса додадете ја во брашното. Додадете ги маслото, шеќерот и солта. Од овие состојки направете меко и глатко тесто. Оставете да стаса 1 час на собна температура или додека не ја зголеми двојно големината.

Од тестото расукајте кора во правоаголна форма, филувајте со смесата од урдата и спанаќ. Виткајте ја кората во форма на ролат. Пресечете го ролатот на средина и сплетете плетенка која што на крајот ќе ја споите во форма на круг. Премачкајте со јајце и печете на 180 степени околу 30-35 минути.

Пита со сирење

Потребни состојки:

  • 1 кг кори
  • 500 гр сирење
  • 1 маргарин
  • 2 јајца
  • 200 гр обична вода
  • 200 гр. кисела вода
  • 1 лажичка прашок за пециво

Начин на подготовка:

Маргаринот се топи во водата и со тоа се прскаат корите. Се редат во тавче цели кори. Сирењето се меша со јајцата и пецивото. Се реди секоја кора, се пропрскува со маргаринот и водата и се става фил, постапката се прави додека не се потрошат корите и филот. Се сече на коцки и се пече 200 степени околу 20-тина минути.

Декоративни колачи

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 2 филџани шеќер
  • 2 филџани млеко
  • 1 филџан зејтин
  • 2 филџани мелени ореви
  • 2 филџани брашно
  • 1 пециво

Сите состојки се матат со миксер и добиеното тесто се пече во загреана рерна на 200 степани. Со помош на чепкалка се проверува дали е готово. Од испечениот пандишпан се вадат крукчиња со мала чашка за ракија. Преостанатиот дел од пандишпанот се користи за правење на филот.

Фил

Во 100 мл вода се додаваат 200 гр шеќер и се остава да зоврие. Потоа се додаваат 50 гр чоколадо, 2 шолји мелени ореви, 1 пакетче ванила заедно со остатокот од пандишпанот. На секое крукче се реди фил и врз тоа се декорира со шлаг и слатко од вишни или цреши.

Штрудла со вишни

Потребни состојки:

  • 500 гр кори за баклава
  • 500-600 гр вишни без семка
  • шеќер по потреба
  • мелени бисквити по потреба
  • 100 мл масло за јадење
  • 100 мл минерална вода (може и обична)

Начин на подготовка:

Водата и маслото најпрвин треба да зовријат, по што ги оставаме да се ладат.

Се редат 6 кори една врз друга и се пропрскуваат со маслото и со водата. На последната наместо вода се ставаат вишни, две лажици мелени бисквити и 5 лажици шеќер.

Се витка како штрудла и се реди во подмачкано тавче, се става во ладна рерна која после се вклучува на 200 степени. Кога ќе се загрее на 200 се намалува на 180 степени. Се пече 40-тина минути. Откако ќе се испече се пропрскува со вода и се покрива со сува крпа. Кога целосно ќе се излади се сече на парчиња и се посипува со шеќер во прав.

Ролат со мак (афион)

Рецептот може да го најдете на следниот линк.

Колач со јаболка

Потребни состојки:

  • 250 гр омекнат путер
  • 3 јаболки измиени излупени и исечкани
  • 400 гр. шеќер
  • 2 јајца
  • 350 гр брашно
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 3 лажици цимет
  • 150 гр суво грозје

Начин на подготовка:

Растопете го путерот на оган, исклучете ја ринглата и додадете ги исечканите јаболка и шеќерот. Добро промешајте. Потоа додадете ги останатите состојки и повторно добро измешајте. Смесата се пече во округло тавче на механизам околу 80 минути. Се остава да се излади целосно и се посипува со шеќер во прав.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби