Ситните слатки се нешто што најчесто се прават и тоа за родендени, имендени и разни прослави. Многу се вкусни, но понекогаш тешки за правење. Токму затоа ви нудиме неколку совети кои ќе ви го олеснат процесот на правење и служење на слатките.
Како да го подгответе калапот?
Ставете го калапот во фрижидер откако ќе го намрсите или ќе му ставите брашно. На тој начин ќе биде поцврст и подобро ќе ја држи тортата.
Како рамномерно да ги изладите печените колачи?
Испечените колачи ставете ги на челична решетка со цел водухот да струи од сите страни.
Како да го растопите чоколадото за колачи?
Најдобро е да го растопите чоколадото со малку путер на пареа.
Какво млеко треба да се користи за колачи?
Млекото кое го користите за некој колач претходно треба да се свари. Искористете го загревањето и во млекото вметнете ванила, лимонова или портокалова кора, некој ликер, но сè во зависност од колачите.
Кои садови не се добри за матење белки од јајце?
Избегнувајте пластични садови. Мастите остануваат на пластиката, што може да ја намали количината на белката.
Колку долго треба да ги чувате колачите со фил во фрижидер?
Колачите со фил чувајте ги во фрижидер најмногу 3 дена.
На кој начин полесно ќе го одвоите колачот од калапот?
Најпрво, добро намрсете го калапот со масло, потоа попрскајте го со брашно и на крај ставете го тестото за печење.
Што да направите пред да го премачкате колачот со чоколадна глазура?
Пред да ги прелиете колачите со чоколадо, премачкајте ги со мармалад од некое овошје, за тестото да не ја впие глазурата.
Кога се создаваат грутките во тестото или филот?
Тестото или филот ќе имаат грутки ако состојките немаат иста температура. Потрудете се да ги разбиете, така што филот ќе го загреете на водена пареа и мешајте со електричен миксер.
Како да добиете сјајна површина на колачот?
Сјајната површина на колачот може да ја добиете ако обилно посипете шеќер во прав, пет минути пред истекот на времето предвидено за печење и потоа го вратите колачот во загреаната рерна. Малку подолгото печење ќе го карамелизира па така ќе добеиете уште еден вкус.
Како да ги комбинирате слатките со останатите делови од менито?
При составувањето на менито, внимателно бирајте слатки така што потешките и хранливите ќе ги послужите со полесните јадења, а лесните по обилните, односно тешките оброци.
Како да ги послужите слатките кои се јадат со лажичка?
Слатките кои се јадат со лажичка на масата се послужуваат во чинии. Ако е предвиден и прелив или фил, понудете ги во посебни чинии со лажички.
Како да се прелијат ситните колачи со чоколадна глазура?
Со виљушка земете една слатка и ставете ја во глазурата, а потоа сите слатки наредете ги на решетка да се исцедат убаво.
Кој пијалок да се понуди?
Со слатките колачи понудете слатко вино, шери или шампањ.