Украсете торта како професионалец

Правењето торти и не е така тешка задача, но кога треба да ги украсиме најчесто се забележува дали тортата е домашно направена или пак е украсувана од професионалец.

Со малку вештина секој од вас може да ја претвори тортата во слатко задоволство совршено како на вкус, така и на изглед.

Најпрвин поставете ја својата торта на соодветниот сад за служење. По можност изберете тркалезен облик н торта. Откако ќе ја наредите и филувате, можете да пристапите кон подготовка на декорацијата од чоколадо.

Исечете лента од хартија за печење во зависност од тоа колку е висока тортата. Вашата лента треба да биде неколку сантиметри повисока од тоа. Потоа врз неа попрскајте растопено чоколадо како што е прикажано на видеото. Откако чоколадото малку ќе се засуши и ќе го загуби сјајот пристапете кон лепење на лентата врз тортата. Можете да ја оставите да се исуши на собна температура или пак да ја ставите во фрижидер.

 Откако чоколадото ќе се стврдне целосно внимателно отстранете ја хартијата за да не го скршите украсот. Доколку ви се случи тоа полека вратете ги деловите чоколадо на тортата. Потоа украсете со јагоди или со било кое друго овошје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби