Пивото како совршена маринада за месо

Пивото и скарата се согласуваат совршено не само откако месото е веќе приготвено, туку и во процесот на неговото маринирање.

Затоа во прилог ви откриваме два рецепти за маринада со пиво кои ќе му дадат посебен вкус на месото што го приготвувате, а со тоа и ќе ви го направат јадењето за неколку нивоа подобро од она на што досега сте навикнале.

Маринада со сенф и пиво

Потребни состојки:

  • 1 конзерва пиво
  • 2 лажици маслиново масло
  • 3 лажици сенф
  • 20 зрна бибер
  • 1 главица кромид
  • 1 ловоров лист
  • 2 чешниња лук

Подготовка:

Помешајте ги сите состојки освен кромидот во едно. Ставете го месото во сад, врз него исечкајте го кромидот на кругови. Потоа прелијте го сето тоа со маринадата и оставете да дејствува неколку часа. Колку подолго го оставите месото во маринадата толку повеќе ќе поприми од течноста.

Маринада со лимон и пиво

Потребни состојки:

  • 1 конзерва пиво
  • 1 лимон исечен на кругови
  • 1 лажица крупна сол
  • 2 лажици масло
  • ½ лажица шеќер

Подготовка:

Добро втријте ја солта во лимонот. За најдобар резултат оставете да отстои преку ноќ. Кога ќе сакате да го маринирате месото, прво поминете го со лимонот, па потоа прелијте го со сите преостанати состојки и оставате маринадата да дејствува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби