Егзотичниот десерт од Порторико

Инспирирани од видеото на Buzzfeed порталот во кој личности со потекло од повеќе карибски држави си разменија десерти карактеристични за самите земји на потекло, одлучивме да ви претставиме еден од нив.



Одлучивме да го одбереме Темблеке, десертот од Порторико, и кога разгледавме за неговата подготовка всушност сфативме дека е екстремно едноставен и лесен за подготовка. Тој е всушност пудинг од кокосово млеко. Има ли нешто повкусно?

Состојки:

  • 2 конзерви од по 400 мл кокосово млеко
  • 150 грама шеќер
  • 70 грама густин
  • ¼ лажичка сол
  • Кокосово брашно (за гарнир)
  • Мелен цимет (за гарнир)



Подготвување:

Во подлабоко тенџере ставете го кокосовото млеко и на средна топлина додадете го шеќерот, солта и густинот, мешајте додека не се растопат. Продолжете со мешањето додека смесата не згусне, а потоа зголемете ја температурата додека таа не почне да врие и не се направат меури.

По 5-8 минути смесата ќе добие густина на пудинг, тргнете го тенџерето од рингла и ставете го во калапи или во керамички садови (претходно премачкани со масло за јадење). Можете да ја истурите и во поголем сад како тој за куглоф и да сечете парчиња од пудингот, но ако не можете да чекате подолго време да се стегне пудингот, ставете ја смесата во помали садови.



Ставете ги во фрижидер и оставете добро да се оладат. По можност и до 10-12 часа.

По традиција, садовите сo Темблеке се превртуваат на чинија, за да може пудингот да остане на самата чинија, но може и да го оставите пудингот во самите садови. 

Одозгора ставете кокосово брашно или цимет.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби