Совршена супа во 6 чекори

Секој може да приготви совршена домашна супа која што ќе му се допадне на целото семејство и тоа да биде многу повеќе од вода со малку зеленчук и фиде.

Посолување во секоја фаза

Правењето на било кое јадење бара од вас контрола на вкусот. Кога правите супа првата грешка што може да ја направите е да ставите сол само во една фаза на готвењето и потоа да заборавите на неа. Треба да знаете дека ако една фаза од подготовката нема вкус каков што треба и крајниот продукт нема да го има посакуваниот вкус. Затоа клучната работа што треба да ја направите е да ја пробувате секоја фаза од подготовката и да посолувате доколку е потребно со што ќе му дадете вистинска длабочина на вкусот.

Каква основа користите?

При подготовката на домашните супи повеќето луѓе користат супена коцка од пилешка супа. Зошто да се ограничите само на неа? Можете да користите говедска основа, рибја или пак основа на база на зеленчук кои исто така се одлични за добивање на автентичен вкус на вашата домашна супа.

Не воздржувајте се со зачините

Коријандерот им дава посебен вкус на вегетаријанските супи додека куминот е одличен избор за супите со месо. За некого лажичка зачин изгледа премногу, но кога истата ќе се раствори во течноста, ќе загуби голем дел од својата јачина, па затоа не воздржувајте се.

Не ја преварувајте

Да, важно е сите состојки да се добро сварени. Сепак, тоа не значи дека треба да се распаѓаат особено кога содржат месо. Кога ја варите вашата домашна супа, секогаш правете го тоа на умерена температура за да дојде до добро мешање на вкусовите. Нема да направите ништо ако го пуштите шпоретот на најсилно и ја преварите за 10-тина минути.

Кремаст вкус без крем

Најлесно е да се стави малку млеко или хопла за да се добие совршената кремаста структура. Но, што правиме ако немате ништо такво во домот? Додадете кокосово млеко или пак земете дел од состојките, ставете ги во блендер додека не добиете убав крем и потоа вратете го во супата.

Малку течност - голема разлика

Ова е трик што ќе ви помогне да го интензивирате вкусот. Во супата со кромид додадете бело вино, во супа со тиква малку оцет од јаболко додека во супа со свинско трикот е во пивото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби