Крцкави компири на шпански начин

Печениот компир е одличен прилог на јадењата, а со добра салата може да се претвори и во главно јадење, на кое никој не може да одолее. И додека ние Македонците сме навикнати на печени, пржени или варени компири, Шпанците преферираат двојна термичка обработка, преку која подготвуваат крцкав компир.



Потребни состојки за 4 до 6 личности:

  • 1.5кг компир
  • 70гр свеж магданос
  • 2 поголеми чешниња лук
  • 70мл маслиново масло
  • 2 лажички путер
  • 1 помал лимон
  • Сол и бибер по желба

Начин на подготовка:

Излупете ги и исчистете ги компирите, па исечете ги на коцки во иста големина. Ставете го компирот да се вари во сад со ладна вода.

Добро посолете ја водата и умерено на повисока температура оставете да зоврие. Гответе околу 20 до 25 минути додека не омекнат.

Во мал сад помешајте го исечканиот магдонос и лук

Исцедете ја водата од зготвениот компир и ставете го на крпа да се исуши

Во голема тава загрејте го маслиновото масло, па додајте ги компирите и повремено мешајте. Компирите печете ги околу 5 минути додека кората не стане златно-кафена и крцкава.

Во компирите додајте ја комбинацијата од магдонос и лук, добро промешајте и оставете ги околу две минути. Потоа, додадете масло и ставете сол и бибер по желба.

Кога ќе бидат готови компирите, преку нив исцедете еден помал лимон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби