Dave’s Kitchen: Pasta con le cime di rapa

По патувањето во Италија, од кујната на Давор денес и во наредните две недели следат рецепти кои се карактеристични за регионот Апулија. Одлична можност да приготвите нешто ново и да ги испробате италијанските специјалитети.

Потребни состојки:

  • Листови од трупка
  • Парчиња брокула
  • 1 чешне лук
  • Маслиново масло
  • Тестенини orecchiette ( Доколку не најдете ваков тип на паста, може да користите друг)

Начин на подготовка:

Во тенџере на оган во зовриена вода со сол се варат тестенините. Потребно е да ги зготвите 1-2 минути помалку од времето впишано на пакувањето за да бидат al dente.

Во тава на оган се става маслиново масло околу 60 мл да се загрее. Во него се запржува исечканиот лук, парчињата брокула и листовите од трупка. После 2-3 минути готвење со континуирано мешање, се додаваат 2-3 кутлачи од водата во која се вареле тестенините.

Сварените тестенини исцедени претурете ги во тавата со зготвените листови од трупката и добро промешајте. Додадете маслиново масло. Гответе околу 1 минута. Пред да ги тргнете од оган во тавата нарендајте пекорино сирење.Сервирајте во чинија и гарнирајте со рендан пармезан.

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби