Седум здрави работи кои ги фрламе бидејќи мислиме дека не се за јадење

Познато е дека одредени делови од овошјето и зеленчукот при чистење редовно ги фрламе. Иако во повеќето случаи не грешиме, постојат неколку примери каде тоа што 99 отсто од луѓето го фрлаат, сепак, е многу вредно.

Проверите дали и Вие правите некоја од овие грешки...



Семки од диња

Овие семки обично се првата работа што ја фрламе кога ја отвораме дињата, но тие се полни со протеини, влакна, витамин Е и магнезиум. За да бидат вкусни, испечете ги во рерна и прелејте ги со маслиново масло.

Корката од кромид

Оваа крцкава лушпа е богата со кверцетин, состојка која го намалува крвниот притисок и помага во одржување на имунитетот. Корката можете да ја искористите така што ќе ја ставите во гулаш или вариво, а потоа ќе ја извадити пред сервирање.

Корка од лубеница

Корката од лубеница е богата со аминокиселината цитрулин, која може да го подобри вашиот крвоток. Ставете ја корката во цврст, поквалитетен блендер, заедно со меснатиот, црвен дел што инаку го јадете, со јагоди, и малку сок од портокал. Ќе добиете освежувачки смути.



Корка од портокал

Веќе знаете дека одлично мириса, но веројатно не сте знаеле дека освен тоа е богата со влакна кои благотворно делуваат врз вашиот дигестивен тракт, а и со витамин Ц што ќе Ви го крене имунитетот. Најубава ќе биде доколку ја изрендате врз пилешко или риба.

Листовите од брокула

Овие меснати листови се троен добиток, бидејќи се богати со витамин А, витамин Ц и калциум. Исечкајте ги и ставете ги во тава со другиот зеленчук и остатокот од брокулата.

Врвот на целер

Верувале или не, овие листови се исклучително вкусни и полни со магнезиум, што помагаат во изградбата на мускулите, потоа со калциум што ќе ви ги зајакне коските, и со витамин Ц. Подгответе га како било кој друг лиснат зеленчук, односно додајте ги во пилешка супа или супа од зеленчук.

Стебленца од блитва

Доколку налетате на блитва која има виолетово-црвени стебленца, знајте дека е богата со каротеноиди кои делуваат како антиоксиданси кои се вистински борци против болестите. Исто така, полна е со витамин К, важна состојка која ќе го зачува здравјето на коските. За Вашето непце да ужива, динстајте ги стебленцата со печурки и лук, и уживајте во вкусниот прилог, препорачува „Њујорк пост“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби