Како да се храните здраво секојдневно?

Исхраната е многу важен дел од нашиот живот. Сигурно би ви било многу полесно ако имате некој распоред кој секојдневно ќе ве упатува кон вашата здрава исхрана. Нутриционистите препорачуваат прошетка пред појадокот, за појадок овесни снегулки, а пред спиење десерт. Дознајте кои други работи треба да ги практикувате:



Разбудете се со вода од 6:30-7:00

Пред да си направете кафе или чај, најдобро е прво да го разбудите вашиот организам со часа вода со лимон. Со оглед на тоа дека многу витамини се растворливи во вода, ако пред појадокот се напиете чаша вода, вашето тело подобро ќе ги апсорбира хранливите состојки од храната. Киселоста во лимонот помага да се урамнотежи системот за варење, допуштајќи им на добрите бактерии од цревата да се развиваат и да го олеснат апсорбирањето на хранливите состојки од храната.

Прошетајте се во 7 часот

Ова е идеален начин да потрошите калории. Веднаш ќе потрошите неколку калории само преку прошетката со кучето, неколкуте скока или трчањето горе-долу по скали.

Појадок во 7:30 часот

Сите нутриционисти порачуваат овесни снегулки за појадок. Телото полека ќе ги разработува влакната од овесот па долго време ќе се чувствувате сити. За појадок внесете и протеини, како на пример немасно млеко, јогурт, тврдо варено јајце или едноставно може да додадете бадеми или ореви во овесот. Од овошје се препорачува мешани бобинки. Што и да јадете за појадок добро би било да каснете нешто отколку да останете само на кафето, па ручекот да ви биде првиот оброк во денот.



Вода во 9 часот

Најдобро е да пиете по малку вода цел ден, наместо една голема чаша наеднаш. Ако вашиот јазик е сув или урината ви е светло жолта, тоа е знак дека сте дехидрирани.

Истегнете се и прошетајте во 10 часот

Станете, истегнете ги нозете и шетајте на секој час или час и половина. Прошетајте се до колегите, наместо да им пратите меил и користете ги скалите наместо лифтот.

Ужинка меѓу 10:30-11:00

Јадете на секои три до четири часа за да ги избегнете нападите на глад. Јадете јаболко со малку крем сир, шака јаткасти плодови или јогурт со бобинки. Кога јадете ужини бидете седнати и јадете мали залчиња за да ви изгледа како да јадете поголеми количини.

Вода и прошетка од 11:30-12:00

Испијте чаша вода и малку прошетајте бидејќи раздвижувањето пред ручекот ќе го забрза вашиот систем за варење.

Ручајте од 13:00-13:30



Направете шарена салата, почнете со темен лиснат зеленчук и додајте многу шарени зеленчуци, протеини и добри масти. Земете домати, моркови, пиперки, печурки, додадете протеини како туна, пилешко на скара, грашок или леќа. Не мора да додавате преливи, туку едноставно зачинете ја со маслиново масло.

Вода и прошетка во 14 часот

Испијте чаша вода и прошетајте. Свежиот воздух и сонцето ќе го подобрат вашето расположение и ќе го забрзаат варењето на храната.

Ужина меѓу 15:30-16:00

Земете јогурт со житарици или коцка темно чоколадо. Може да јадете и банана со лажичка путер од кикирики. Нека вашиот апетит биде водич и секој ден за ужина јадете го она што сакате.

Прошетка или вежбање од 18:00-19:00

Ако не прошетавте утринава, сега е вистинско време тоа да го направите, а најдобро е да повежбате.

Вечера во 19:30 часот

Започнете ја вечерата со супа. Сервирајте многу протеини и додајте зготвен зеленчук како брокула или спанаќ со кафеав ориз. Пијте вода за време на вечерата или испијте една чаша црно вино.

Десерт во 21:30 часот



Почекајте еден час по вечерата и потоа дозволете си десерт. Внимавајте само да не бидат „празни“ калории. Еве неколку предлози: Половина шолја бобинки со малку чоколадо, јаболка со малку мед, кокосова вода или сок од портокал.

Легнете си во 23 часот

Здравиот сон трае од седум до осум часа, а се помалку од тоа може да создаде ризик за низа здравствени проблеми, вклучувајќи и дебелеење, дијабетес, висок крвен притисок, а да не ја спомнуваме и веројатноста дека ќе се чувствувате уморно. Испијте уште една чаша вода непосредно пред спиење и опушете се со топла купка или добра книга.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби