Dave’s Kitchen: Лесно и вкусно

Нема ништо полесно и повкусно од мусака. Разликата од добра, до одлична мусака, несомнено е во зачините и состојките кои што му ги додавате на месото за да го добиете вистинскиот вкус.

Потребни состојки:

  • 500 гр. мелено месо
  • 1 средна главица кромид
  • 1 лажичка мешан сув зеленчук
  • 1 лажичка буковец
  • 1 лажичка оригано
  • 250 мл доматен сос
  • 1-2 чешниња лук
  • 2 средни компири
  • 4 јајца
  • 150 мл млеко

Начин на подготовка

Компирите исечете ги на тенки кругови и оставете ги во ладна вода да отстојат додека го подготвувате меленото месо. Во тава на оган испржете ја ситно исецканата главица кромид. Кога ќе почне да добива златно кафена боја додадете го ситно исецканиот лук. Пржете уште две-три минути.Додадете го меленото месо и додадете ги зачините. Добро промешајте и пржете околу 10 минути. Потоа додадете го доматниот сос, промешајте и оставете да крчка на средна температура. На секои 5 минути промешувајте и кога водата ќе испари тогаш тргнете ја смесата за мусака од ринглата.

Во огноотпорен сад наредете еден слој од круговите компири. Врз тој слој од компири додадете ја смесата со меленото месо. Одозгора покријте ја целата површина со уште еден ред од компирите. На крајот промешајте ги млекото и јајцата заедно и полејте ја целата мусака. Печете на 170 степени околу 40-45 минути,додека убаво не нарасне и биде убаво запечена.

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби