Dave’s Kitchen: Ново кулинарско патување во Шпанија

По Италија, Dave’s Kitchen нè носи во Каталонија, доловувајќи само мал, но значаен дел од шпанската традиционална и современа кујна.

Шпанија, земјата на паелјата и сангријата, ќе ве воодушеви со својата едноставност кога станува збор за храната.

Доколку патот ве носи кон Барселона, Валенсија и Лорет Де Мар постојат неколку нешта кои во никој случај не смеете да ги пропуштите.

Паеља

Овој дел од земјата изобилува со ресторани во кои може да вкусите традиционално направена паеља. Наједноставно кажано станува збор за ориз приготвен со месо или морски плодови. Во Валенсија ќе ви препорачаат да испробате паелја со зајачко или пилешко месо. Ако сте вегетаријанец добро е да се знае дека има и вегетаријанска варијанта од оваа јадење.


Сангрија

Германците лудуваат по пивото, додека во Шпанија со полно право може да се каже дека титулата на најконсумиран пијалак ја има сангријата.

Многумина ја прават со коњак и вотка, но најдобрата сангрија по правило е комбинација од црвено вино, газиран сок од портокал, шеќер, сечкано овошје (портокал, јаболка, круша) и многу мраз.

 

Што велите за освежителна орчата?

На прв поглед изгледа како сутлијаш сервиран во чаша. Но, кога ќе ја вкусите е едно сосема поинакво доживување. Неверојатно освежителна, орчатата се служи со долгнавести лепчиња прелиени со шеќерна глазура. Ако сте расположени за уникатни нешта, овој пијалак дефинитивно мора да се најде на вашата листа на must try.


Крофни, крофни и само крофни

Изгледа дека Шпанците не можат да го замислат денот без вкусни крофни, без разлика дали се со чоколадна глазура, полнети со џем или пак наросени со шеќер во прав. Може да се најдат во секоја пекара и супермаркет. Четири солидно големи крофни за 1 евро? А, зошто да не!


Уште неколку интересни детали...

Земјата изобилува со најразлични типови на вина кои одлично одат во комбинација со домашната кујна. Специјалитетите со морска храна веќе се дел од секојдневната исхрана, исто како и печените компири со зачини.

Влијанието од италијанската кујна е мошне нагласено и јасно се забележува преку многуте италијански ресторани кои може да се најдат во овој дел од земјата.

Интересно е да се забележи дека во Каталонија речиси не постои уличка во која нема да пронајдете дрво со портокали. Сепак, парадоксално е што најголемиот дел од истите се извезуваат, па дома остануваат само портокалите со најлош квалитет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби